За нас

Мисијата на Бубе Студио Ин е квалитет, креативност и врвна услуга. Спојот на сите три елементи низ секојдневната работа и едукација се темел на работата на тимот.Ние веруваме во работата со косата како органска материја која се менува, која има свој живот и своја инвидиуалност.

Секој од нашите стилисти и техничари се тесно поврзани за давање на една работна услуга без разлика дали барате прецизно шишање, боја која ќе ви одговара или совет, ќе ви помогнеме во изборот кој ќе ви одговара инвидуално само на вас.Нашиот дизајн на коса зафаќа широк спектар од симетрични до асиметрични кроеви, разновидна текстура и бескрајна палета на бои.

На самата работа гледаме како на дел од модата и модниот свет, а светот би го набљудувал убавиот облик, но тој облик треба да се носи. Крајниот ефект е инвидуален и зависи од оној што го носи. Кројот и бојата се уметнички форми сами по себе а, поединецот е тој кој им дава живот и движење создавајки нова форма на уметност...

Тимот на Бубе Студио Ин


Studio In
+389 (0) 2 3 126 126
bubestudioin@gmail.com
Or click here to email.
      Add me to Skype
©2010 Studio In | Privacy Pledge | All Rights Reserved