Тимот на Бубе Студио Ин
НАТАЛИЈА НЕСТОВСКА е дел од  Бубе студио  Ин од 2000 год иако во суштина е тивка , скромна и ненаметлива личност, во ситуација кога муштериите целосно и се доверуваат на нејзината уметност  таа е магионичар, открива нова боја, нова димензија, креација на вашата коса. Долги години соработник на Бубе која ја дава сета своја лична и професионална поддршка со фен и четка, Наталија открива нов квалитет, неоткриен волумен, линија и стил на вашата коса.
МИРА ПЕТРЕСКА -работно искуство 9 год во областа на фризерството и шминкерството од кој посебен интерес во изработката на свечени фризури и шминкерство. Тешко е да се одреди дефиниција за што е специјализирана бидејки не постои предизвик на кој таа не може да одговори. Со желба за унапредување во професијата таа постојано се едуцира под менторство на Бубе.
БИЉАНА СТАНКОВСКА Позитивна и вредна личност, особа на која специјалност и се шишањата на кратки фризури, фаворизира во машките стајлинг шишања а особени кавалитети покажува и кај техниките на боење и третмани за коса и скалп. Со нејзината скромност и посветеност во работата е често омилена кај клиентите кои сакаат трансформации и во однос на формата и во однос на бојата.
БОБАН ТОДОРОВСКИ е еден од помладите членови во креативниот тим на Бубе Студио Ин. Огромно задоволство е што е дел од тимот на Бубе каде што се доусовршува со најнови техники на работа. Специјалност и се креативни шминкања и свечени фризури. Богато искуство во рекламни кампањи, видео спотови, фестивали и со својата шминка и фризура миленик меѓу женската популација, особено е фаворизиран од многу невсти каде со својата шминка и фризура ја доловува секоја нивна желба и замисла.
САШКО ЗАХАРИЕВСКИ  шминкер и фризер, релативно млад но со долго искуство во светот на фризерството. Неговиот стремеж кон совршеното и убавото често го искажува преку секојдневното изразување кај секој негов клиент, насмевките на нивните лица покажуваат дека скромниот и тивок нивни фризир ги исполнува барањата и повеке од нивните очекувања. Специјалност свечени фризури, шминка.
МАТИЛДА МАНОЈЛЕВСКА Харизматична, позитивна, насмеана особа со способност за организација преку која проаѓаат сите ангажмани и закажувања на целиот тим и подготвена секогаш да им излезе во пресрет на клиентите. Дипломиран правник и менаџер за односи со јавност на Бубе Студио ИН.
ЉУБИЦА  НИКОЛОВСКА Во Бубе Студио Ин подмладокот е секогаш битен паралелно со тимот на стилисти, се едуцираат нови кадри кој што вредно ги учат сите тајни на фризерскиот занает, тоа е новата генерација на Бубе Студио Ин.


Studio In
+389 (0) 2 3 126 126
bubestudioin@gmail.com
Or click here to email.
      Add me to Skype
©2010 Studio In | Privacy Pledge | All Rights Reserved